Кармело Ентони ја завршува мисијата во Хјустон. Вакво тврдење објави доброинформираниот ЕСПН кој се повикува на изјави на неколку играчи и членови на стручниот тим на клубот кои рекле дека Мело веројатно нема веќе да се врати во тимот од Тексас.
Наводно поради болест, Ентони не ги одигра натпреварите против Сан Антонио и Индијана, додека медиумите во САД тврдат дека тој воопшшто и не отпатувал со екипата на гостувањето во Денвер. Последната средба Ентони ја одигра на 5.ноевмри. Во поразот од Оклахома постигна само два поени реализрајќи само еден шут од 11 обиди.
Пред неколку месеци, Кармело Ентони потпиша ветерански договор со Хјустон вреден 2.4 милиони долари. Првата ѕвезда на Хјустон, Џејмс Харден не ја коментира ситуацијата, додека Крис Пол кој заедно со Харден беа главни лобисти во доаѓањето на Ентони смета дека не треба да се избрзува со одлуката.
Кармело Ентони кој своевремено беше трет пик на драфтот како резервист во 10. дуели за Хјустон имаше во просек по 13.4 поени. Низ успешната кариера настапуваше за Денвер, Њујорк и за Оклахома.
Several players and members of the Rockets coaching staff believe that Carmelo Anthony has played his final game for the franchise, according to sources. https://t.co/y252pDC3A8
— SportsCenter (@SportsCenter) November 12, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА