Кармело: Трамп му објави војна на американскиот народ

Се поголем е бројот на спортски ѕвезди кои гласно го критикуваат американскиот претседател Доналд Трамп за начинот на кој власта се справува со протестантите поради убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис. Последниот што жестоко го нападна Трамп беше кошаркарот Кармело Антони, кој смета дека претседателот им објавил војна на граѓаните на сопствената држава.

„Доналд Трамп им објави војна на Американците само затоа што протестираат за убиство на црн човек. Нашата држава се гори и се уништува. А Трамп и луѓето околу него попрво би загубиле се отколку да дадат признаат неправда кон црномурестите граѓани на својата држава. Поради него САД тоне“, порача Кармело Ентони.

Се вчитува...