Кармен Електра откри шокатни детали за ѕвездите на Чикаго – Бев во кревет со Родман, а тогаш во собата влезе Џордан

Славната американска актерка Кармен Електра откри шокантни детали од својот живот. Овие денови во недостиг на спорт поради пандемијата од коронавирусот, главна тема е документарецот „Последниот танц“ посветен на легендарната генерација на Чикаго Булс предводена од Мајкл Џордан. По Џордановата приказна околу „кокаинскиот циркуз“ сега е откриена нова авантура во која бил поврзан и Денис Родман.

„Бев во кревет со Денис Родман. Чув дека некој чука на вратата, а во собата влезе Мајкл Џордан. Не сакав да ме види па морав да се сокријам под креветот“, изјави Електра. 

Премиерните две епизоди од документарецот „Последниот танц“ беа прикажани минатата недела, а оваа недела не очекуваат третата и четвртата епизода од серијалот кој ќе има осум продоженија.

Се вчитува...