Каролине Возњацки во тешка животна битка

Поранешната тенисерка број еден во светот, Каролине Возњацки боледува од rевматиден артритис, автоимуно заболување кое и било дијагностицирано во август годинава.

Веднаш по УС Опен, Данката се соочила со веста дека ја има болеста која предизвикува болки, отекување и вкочанетост на зглобовите и за која современата медицина нема лек. Има лекови кои ги олеснуваат симптомите.

„На почетокот, бев во шок. Јасно е дека ова е непријатна ситуација, ако си професионален спортист е многу потешко. Се навикнуваш да се справуваш со проблемите кои доаѓаат по мечевите. Има денови кога воопшто не сакаш да станеш од кревет, други денови си сосема добро. Некогаш заборавам и дека ја имам оваа сотојба“ – објаснува Возњацки која има само 28 години.

Возњаки, информациите за здравствената сосотојба ги објави по елиминацијата од ВТА завршницата во Сингапур. Раскажа дека проблемите станеле поинтензивни по Вимблдон. Во јануари годинава, данската тенисерка триумфираше на Австралија опен и тоа и е единствената грен-слем титула во кариерата.

И по поставувањето на дијагнозата, Возњацки успеа да освои титула на турнирот во Кина на почетокот од овој месец.

Се вчитува...