Карпин: Македонија е најидеален противник за Русија во баражот

Селекторот на Русија, Валери Карпин, во интервју за руска телевизија кажа дека ја посакува Македонија за противник во баражот за Светското првенство во Катар идната година.

Тој кажа дека Македонија е најдобра опција да биде противник во полуфиналето.

„Не можам да ја дефинирам важноста на ждрепката во проценти. Нормално е важно каков противник ќе имаме. Сите велат дека е добро Македонија да се падне. Веројатно тој ќе биде најдобар противник за нас. Сите така мислат, а и ние. Но, тоа е само на хартија, на теренот ќе треба да се докажуваме“, рече Карпин.

Ждрепката ќе се одржи за четири дена, а покрај Русија, можни противници на Македонија во баражот се Италија, Португалија, Шведска, Шкотска и Велс.

Се вчитува...