Карвахал со супер-волеј му донесе победа на Реал Мадрид

Реал Мадрид во третото коло ја забележа втората победа во Ла Лига, триумфирајќи со 0-1 на гостувањето против Бетис. Иако „зелените“ од Севилја знаат да бидат незгодни ривали за фаворитите во фудбалска Шпанија, „кралевите“ овојпат одоворија на предизвикот и со дисциплинирана игра со само еден постигнат гол стигнаа до трите бода.

Погодокот беше ремек-дело на десниот бек Карвахал, кој со извонреден волеј-удар од петнаесетина метри го матираше домашниот голман.

Бетис имаше стопроцентна шанса во 96. минута, но Куртоа извонредно го запре ударот на Монтоја и ги сочува трите бода за својот тим.

Се вчитува...