Касано: Ако го донесат Лукаку во Барселона, нема повеќе да ги гледам

Поранешниот италијански репрезентативец, Антонио Касано будно ги следи сите актуелности во светот на фудбалот со тоа што приотитет му е Италија каде секогаш има што да каже за тамошниот фудбал и борбата во Серија А.

Меѓутоа во исто време не му бегаат ниту најзначајните натпреварувувања, лиги во Европа, па како голем љубител на филозофијата, стилот на игра на Барселона даде еден интересен коментар за играчот кој во изминативе денови се споменуваше како потенцијално засилување.

Каталонците сакаат да донесе потврден голгетер наредново лето, прва опција е Роберт Левандовски од Баерн Минхен, а ако во тоа не успеа ќе го насочат вниманието кон други играчи со тоа што како дел од листата се споменува Ромелу Лукаку.

Лукаку има многу лоша сезона во Челси, нешто што никој не го очекуваше по блескавата епизода во Интер.

„Јас сум заљубен во филозофијата на Барселона, но ако го донесат Лукаку нема повеќе да гледам ниту еден нивен натпревар. Не може да одигра три додавања во Челси каде нема конкуренција. Во Барселона имаат 55 пасови пред да одат на гол – како може тоа тој да го направи“, вели Касано за ‘Бобо ТВ’.

Се вчитува...