Касано: Буфон може да брани и до 45 години, и пак ќе биде најдобар!

„Немирното момче“ на италијанскиот фудбал, Антонио Касано, го поддржа својот поранешен соиграч од репрезентацијата Џанлуиџи Буфон во намерата да брани најмалку уште една сезона на голот на Јувентус. Тој смета дека Буфон е се уште врвен голман и дека би можел да брани и до 45-годишна возраст во Серија А.

„Дали ги видовте неговите одбрани во Бергамо? Тој може да брани и до 45 години и пак ќе биде најдобар. Точно е, има освоено се со Јувентус, но Џанлуиџи секогаш пронаоѓа мотивација за да биде на своето ниво, што е неколку скалила погоре од сите други“, изјави Антонио Касано.

Џанлуиџи Буфон е во преговори со Јувентус за продолжување на договорот за уште една сезона, иако претходно планираше да стави крај на кариерата по завршувањето на оваа сезона. Сепак, планот се промени откако Италија не успеа да обезбеди пласман на Светското првенство во Русија.

Се вчитува...