Касано: Интер ќе го освои „скудетото“, Конте е победник за разлика од Сари

Поранешниот италијански репрезентативец Антонио Касано со изјавите секогаш умее да ја „освои“ јавноста во Италија, а во божиќно интервју прогнозира дека Интер ќе го освои „скудетото“ и ќе ја прекине доминацијата на Јувентус. Една од главните причини за тоа, според Касано, е тренерот Антонио Конте, кој е роден победник, за разлика од Маурицио Сари.

„Од август велам дека Интер ќе биде новиот шампион на Италија. Конте е роден победник, го има тоа докажано во минатото. Го имаат и Лаутаро Мартинез, одличен е и Лукаку. Јувентус не е убедлив и мислам дека причината е во Маурицио Сари. Тој никогаш не водел екипи кои се дел од елитата. Досега Дибала и Игуаин го чуваат Јувентус на врвот, но се сомневам дека тимот ќе издржи во ваков ритам целата сезона. Мислам дека „старата дама“ нема шанси ниту за трофејот во ЛШ“, изјави Антонио Касано.

Интер и Јувентуспо 17 одиграни кола во Серија А имаат по 42 бода и се наоѓаат на првите две позиции на табелата во Серија А.

Се вчитува...