Касано: Постои голем проблем меѓу Роналдо и Сари

Поранешниот италијански репрезентативец Антонио Касано смета дека меѓу тренерот на Јувентус, Маурицио Сари и првата ѕвезда тимот Кристијано Роналдо постои голем проблем.

„Мислам дека Кристијано Роналдо има голем проблем со Сари. Се почна со двете замени во низа кои го иритираа Роналдо. Мислам дека меѓу двајцата постои голем проблем, но Јувентус затоа е голем клуб бидејќи успева да го контролира проблемот“, изјави Касано. 

Јувентус вчера одигра само реми против Сасуоло, со кое на Интер му го препушти лидерското место во Серија А.

Се вчитува...