Касемиро мора да ги намали барањата за да продолжи во Манчестер Јунајтед

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Касемиро би можел да го продолжи договорот со тимот од Олд Трафорд и да настапува и идната сезона. Договорот на Бразилецот истекува во лето 2026 година.

Според медиумите во Англија, би можело да дојде до нов договор, само доколку фудбалерот се согласи на намалување на платата. Во моментов екс играчот на Реал Мадрид заработува 300.000 фунти неделно, и е еден од најплатените играчи на „Црвените ѓаволи“.

Јунајтед има опција да го продолжи договорот со Касемиро за една година, меѓутоа сака да преговара и да му ја намали платата.

Се вчитува...