Кашемиро и Модриќ ја решија Севилја

Реал Мадрид ја оствари 11.победа во Ла Лига, совладувајќи ја Севилја на „Сантијаго Бернабеу“ со 2-0. „Кралевите“ долго се мачеа да стигнат до водство, а бариерата ја урна Бразилецот Кашемиро со прекрасен гол од далечина. Тој се одлучи на удар од 30 метри и ја погоди мрежата на противникот во 78.минута од средбата.

Во самата завршница, Лука Модриќ постигна втор погодок и ја потврди победата на Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“ сега има 36 бода, седум помалку од лидерот Барселона која има одиграно и еден меч помалку.

Се вчитува...