Кашемиро оди кај Меси во Интер Мајами

Кашемиро уште пред неколку месеци објави дека ќе си замине како слободен играч од Манчестер јунајтед лтово, бразилскиот ас во меѓувреме имаше низа блескави партии по кои „ццрвените“ ѓаволи“ се обидоа да го премислат да остане, но големиот борец остана на својот став – оваа сезона е последна за него во дресот на гигантот од „Олд Трафорд“.

Последните информации поврзани со овој фудбалер говорат дека тој веќе го има договорено и следниот чекор – преселба во американската МЛС-лига и потпис за екипата на Интер Мајами. Кашемиро во кариерата ги бранеше боите на Реал Мдрид заедно со Кристијано Роналдо, а сега ќе има можност да настапува и крај Лео Меси во американската лига.

Сите детали се веќе договорени, Бразилецот ќе потпише тригодишен договор со новиот клуб. Проблем претставува што ЛА Галакси ги има правата за прв потпис со овој фудбалер доколку тој реши да дојде во МЛС, но Интер Мајами е подготвен да плати отштета за и тоа да биде надминато и бразилскиот играч за врска веднаш по СП 2026 да се стави на располагање на тренерот на овој тим.

Се вчитува...