Касиљас постави нов рекорд во Лигата на шампионите

Контроверзната победа на Порто над Рома во осминафиналето од Лигата на шампионите, на Португалците им донесе пласман меѓу осумте најдобри во Европа, а Икер Касиљас го направи играч со најмногу победи во историјата на елитното натпреварување.

Касиљас на синоќешниот натпревар против Рома ја забележа 101-та победа во континенталното натпреварување со што на вечната листа го помина Португалецот, Кристијано  Роналдо. Веќе за пет дена Роналдо ќе има можност повторно да се израмни со легендарниот голман, бидејќи неговиот Јувентус на домашен терен ќе го пречека Атлетико Мадрид.

Фудбалери со најмногу победи во Лигата на шампионите:

  1. Икер Касиљас – 101 победа
  2. Кристијано Роналдо – 100
  3. Чави – 91
  4. Раул Гонзалез – 79
  5. Иниеста – 79
  6. Меси – 76
  7. Рајан Гигс – 74
  8. Серхио Рамос – 73
  9. Дани Алвес – 71
  10. Бензема – 71

Се вчитува...