Касилјас емотивно една година по преживувањето на срцев удар (ФОТО)

Икер Касилјас со емотивна порака на инстаграм се потсети на победата на најголемата битка во неговиот живот, откако точно пред една година доживеа срцев удар.

„И така без да сфатам помина една година. Не сум еден од оние луѓе кои се насочуваат кон минатото. Обично не сакам да се фалам со работи кои биле добри, но овојпат се чувствувам неверојатно бидејќи ја добив најважната битка во животот. Искрено беше возбудливо. Имаше терор, драма и секако доза на научна фантастика. Секако и хумор“, напиша Касилјас. 

Се вчитува...