Касилјас испишува историја – 20 сезони во ЛШ

Икер Касилјас ќе застане на голот на Порто на дуелот со Шалке, со што шпанскиот ветеран ќе испише историја како прв фудбалер што настапувал во 20 различни сезони од Лигата на шампионите.

Легендарниот голман на Реал Мадрид летово реши да ја продолжи својата кариера за уште една година, за да го урне рекордот што досега го имаше Рајан Гигс, единствениот што покрај Касилјас има настапено во 19 сезони од елитното европско натпреварување. Зад Гигс на оваа ранг-листа се наоѓаат Пол Сколс и Чави, а од активните фудбалери најмногу сезони покрај Касилјас има Арјен Робен, вкупно 16. Зад Робен со по 15 сезони во ЛШ се наоѓаат легенди како Ибрахимовиќ, Раул, Иниеста, како и Кристијано Роналдо.

„Да се биде толку долго време во Лигата на шампионите дефинитивно е големо достигнување, нешто на што сум бескрајно горд. Мојата цел е иста како и досега, да продолжам да настапувам на високо ниво и да му помагам на мојот клуб да стигне до што подобар резултат“ – истакна Касилјас.

Се вчитува...