Касилјас ќе се врати на голот на „фуријата“?

Ветеранот Икер Касилјас изразил подготвеност повторно да биде дел од фудбалската репрезентација на Шпанија. Голманот на Порто имал разговор со селекторот Луис Енрике и се согласил да биде на располагање доколку новиот предводник има потреба од него. Луис Енрике му посочил на Касилјас дека во моментот има речиси подеднакви шанси за повик, како и Давид де Хеа и Пепе Реина, како и младиот Кепа Аризабалага.

Енрике и Касилјас играа заедно во националниот тим на „црвената фурија“ на ЕП 2000 и на СП 2002 година. Касилјас е репрезентативецот со најмногу настапи за Шпанија – 167.

 

Се вчитува...