Касилјас „пресече“ – останува во Порто

Икер Касилјас и во следната сезона ќе го брани голот на Порто, откако ветеранот одби бројни понуди од Европа и од далечниот Исток за да остане дел од португалскиот гигант. Актуелниот договор на Касилјас истече на 30 јуни, по што тој можеше како слободен играч да ги промени клупските бои, како опции се споменуваа и Ливерпул, Наполи и Олимпик Марсеј, но Шпанецот на крајот сепак се реши да остане во Португалија.

По долго размислување, решив да останам во Порто и да потпишам нов едногодишен договор со овој тим. Верувам дека ја носам вистинската одлука и очекувам во следната сезона да ја освојам португалската титула“ – истакна Касилјас.

Шпанскиот интернационалец дојде во Порто пред две сезони откако претходно мина 16 години во дресот на Реал Мадрид.

Се вчитува...