Касилјас се откажал од претседателската трка во федерацијата на Шпанија?

Легендарниот голман на Реал Мадрид и поранешен шпански репрезентативец Икер Касилјас, најверојатно нема да ја трча претседателската трка на изборите во Фудбалската федерација на Шпанија. Како што наведува весникот „АС“, тој се откажал од намерата да се кандидира за прв човек на шпанскиот фудбал. По ова, многу веројатно е дека и во наредните четири години претседателското место ќе му припадне на Луис Рубијалес, кој ќе нема противкандидат на Изборното собрание кое треба да се одржи во август.

Икер Касилјас формално се уште е член на Порто, договорот му истекува на 30 јуни, но стави крај на активната кариера поради здравствени проблеми. Касилјас преживеа инфаркт на еден од тренинзите на португалскиот клуб и доби совет од докторите да ја прекине кариерата. Во март најави дека ќе се кандидира за нов претседател на Фудбалската федерација на Шпанија, но оттогаш и нема активности на терен.

 

Се вчитува...