Касилјас се повлече од трката за претседател на Фудбалската федерација на Шпанија

Легендарниот шански голман Икер Касилјас се откажа од трката за претседател на Фудбалската федерација на Шпанија. Како што пренесуваат шпанските медиуми, Касилјас ја повлекол кандидатурата која ја поднесе пред четири месеци бидејќи ја загубил верата дека изборите ќе бидат фер и регуларни и затоа не сака да учествува во нив.

Бидејќи Касилјас се повлече од трката за претседател на Фудбалската федерација на Шпанија едиствен кандидат останува актуелниот претседател Луис Рубиалес. Собранието на кое ќе се гласа за претседател ќе се одржи на 17. август.

Касилјас дел од Реал Мадрид беше 16 години во кои за „кралскиот клуб“ забележа вкупно 510 настапи, а три пати ја освојуваше Лигата на шампионите. Од 2015 година до 2020 беше дел од португалскиот Порто.

Се вчитува...