Касорла му донесе бод на Виљареал против Реал Мадрид

Благодарение на двата погодоци на ветарнот Санти Касорла, Виљареал успеа да освои бод во дуелот со Реал Мадрид на домашен терен (2-2).

Реал ја имаше фаворитската улога во овој дуел и во поголем дел беше во водство, но не остана во супериорна улога до крај.

Касорла уште во 4.минута биеше прецизно во десниот агол и му донесе почетно водство на Виљареал.

Само три минути подоцна Карим Бензема изедначи на 1-1, а Рафаел Веран во 20.минута зголеми на 1-2.

Но, точка на натпреварот стави Касорла во 82.минута кога биеше прецизно со глава и по втор пат ја смести топката во голот на Реал Мадрид.

Реал Мадрид сега е на четвртото место на табелата со 32 бода исто колку што има и третопласираната Севилја. На првите две позиции се Барселона со 37 и Атлетико Мадрид со 34 бода. Виљареал со овој бод избега од зоната на испаѓање и моментно е на 17.место со 16 бода.

Се вчитува...