Норвежанецот Каспер Руд е вториот финалист на на вториот гранд-слем турнир во сезоната, францускиот Ролан Гарос.
Норвешкиот тенисер во полуфиналето без поголеми проблеми славеше над Германецот, Александар Зверев со максимални 3-0, по сетови 6-3, 6-4 и 6-0.
Во финалето Каспер Руд ќе има за мисија да го спречи Новак Ѓоковиќ да стигне до својата рекордна 23. гранд-слем титула. Мечот е закажан за во недела.
Претходно, утре на програмата е женското финале во кое ќе се сретнат Ига Швјонтек и Каролина Мухова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА