Каспер Шмајхел: Ја гледав смртта на Вишаи

Каспер Шмајхел беше близок пријател со сопственикот на Лестер, Вишаи Шривадханапрахба. Данецот не само што загуби блиска личност, тој беше последниот што го виде жив, сведочеше на хеликоптерската несреќа и беше меѓу првите што беа на местото на падот.

„Се видовме, го испратив. Потоа настана хаосот. Видов се што се случи. Сликата беше ужасна и ќе остане со мене до крајот од животот“ – раскажува Шмајхел во првото интервју по несреќата.

Долгогодишниот голман на Лестер беше меѓу најрешителните околу одлуката за играње на натпреварот против Кардиф во саботата. Менаџерот Клод Пуел им овозможи на фудбалерите да изберат дали ќе тренираат и дали ќе играат. Можеше да смета на најсилниот состав.

„Фудбалот го прави тоа. Ги зближува луѓето. Вишаи го разбираше тоа најдобро од сите“ – вели Шмајхел кој ги подголтнуваше солзите за време на минутата молчење во чест на загинатиот сопственик.

Шмајхел ги одигра сите натпревари во сезоната 2015/16 во која Лестер стана шампион, а беше дел и од сите средби во Лигата на шампионите каде што клубот стигна до четвртфиналето. Тој и покрај огромната тага одржа состанок со тимот по несреќата и беше еден од клучните фигури во единството и силата на екипата.

 

 

 

 

Се вчитува...