Каспер Шмајхел објави дека ја завршува својата професионална кариера откако 39-годишниот голман изминатата сезона се мачеше со тешка повреда на рамото.
Искусниот 39-годишен Данец имаше уште една година од договорот со шкотскиот гигант, но здравствените проблеми придонесоа летово да му каже збогум на фудбалот.
„Секој сонува збогување на терен, но не добиваме секогаш се што ќе посакаме. Имав така долг пат, толку многу убави спомени, така што фудбалот не ми должи. Она што најмногу ми значи се пријателствата што ги стекнав, моментите што ги делев со соиграчите и во добро и во зло. Mојот живот досега се вртеше околу фудбалот, но имам и живот надвор од него, сега ќе морам да земам време за да увидам по кој пат да тргнам, сега кога ќе имам повеќе слободно време ќе бидам отворен за најразлични опции“, објави Каспер Шмајхел.
Врв на кариерата на Каспер беше освоената титула во Премиер-лигата со Лестер, клуб каде остана до летото 2022. По заминувањето од клубот тој мина една сезона во Ница, потоа во Андерлехт, за од 2024 година да се приклучи на Селтик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
