„Кастратовиќ бара пари што не ги одработи, ова е вкупниот долг за кој е суспендиран Металург“

Ракометниот клуб Металург ги менува најтешките денови во поновата историја. Откако доби суспензија за настап во куповите на ЕХФ и во домашното првенство, клубот е пред згаснување поради добро познатите причини, а тоа е долг кон Александар Шпенде и Зоран Кастратовиќ.

Со Шпенде претседателката на клубот Зорица Блажевска вели дека се е договорено, додека со Кастратовиќ таа вели дека не се согласува, и според нејзините принципи тоа не е прифатливо. Таа додава дека Кастратовиќ во Металург беше до октомври, а бара да биде исплатен за уште седум месеци иако потоа имаше друг ангажман во тимот на Пролет. Вкупниот долг во моментов е 60.000 евра, а со тие седум плати на Кастратовиќ е тој достигнува до 90.000 евра.

„Ја оспоруваме одлуката на ЕХФ за Кастратовиќ, бара да се исплатат седум плати до крајот на договорот. Тоа не е чесно, парите не се заслужени. Јас ги прифатив платите кои ги одработил, како и премијата. Не го прифаќам неговото барање бидејќи сам даде отказ. Зборев со Катстратовиќ не можеме да најдеме заедничко решение. Со Шпенде се договоривме. Вкупниот долг на Металург изнесува 60.000 евра, а со барањето на Кастратовиќ тој достигнува до 90.000 евра.Ќе побарам состанок од РФМ, да излезат во пресрет. Металург се и младите категории, цело време се борам со грабеж на играчи, ако не нема, ќе биде голема штета. Моето барање ќе биде да најдеме заедничко решение, на 15 дена до пред доделувањето на ваучерот. Овие три кола за исклучување од лигата да ги водиме како одложени, да ги одиграме на крајот на месецот, кога ќе можеме да ја завршиме оваа задача“, изјави Блажевска.

 

Се вчитува...