Кастратовиќ ги построи „металурзите“ – нема опуштање, само напорна работа (фотогалерија)

Ракометарите на Металург продолжуваат со жестоки тренинзи под врелото скопско сонце, работејќи на зголемување на физичката подготвеност на стартот од овој подготвителен период. Атмосферата во тимот е на највисоко ниво, особено откако денеска ждрепката за квалификациите од Лигата на Европа му беше наклонета на македонскиот клуб, кој за ривал го доби составот на Спачва од Хрватска.

Според планот, Металург од петок ќе замине на подготовки во Маврово, каде тимот ќе остане се до заминувањето за учество на струшкиот турнир на средина од месец август.

Избраниците на Кастратовиќ првиот дуел од квалификациите за ЛЕ против Спачва ќе го играат на 29 или 30 август.

Се вчитува...