Кастратовиќ: Можело да се победува и со „шест на шест“…

Зоран Кастратовиќ ја имаше улогата на стручен аналитичар во студиската програма на ТВ Телма, а поранешниот стратег на Вардар не го криеше задоволството по големата победа на Македонија. Тој не ја пропушти можноста да ги „пецне“ поранешните селектори Лино Червар и Раул Гонзалес, кои повторуваа дека Македонија со игра „шест на шест“ не може да се носи со репрезентации од европската ракометна елита.

„Сакам искрено да им честитам на селекторот и на стручниот штаб, како и на сите ракометари. Освен оние почетни 15 минути, Македонија беше селекцијата што го диктираше темпото, што не му дозволуваше на противникот да игра како што знае. Ме радува што се виде дека можело да се игра и да се победува и со „шест на шест“, дека можело да се победува и на гостински терен“ – истакна Зоран Кастратовиќ за ТВ Телма.

Се вчитува...