Кастратовиќ седнува на клупата на шампионот на Саудиска Арабија

Искусниот ракометен стратег Зоран Кастратовиќ ќе седне на клупата на  шампионот на Саудиска Арабија, Ал Мудар.

Кастратовиќ минатата сезона беше дел од Слобода Тузла од Босна и Херецеговина. Во Македонија работеше во Вардар, Металург, Пролет, а беше и селектор на женската ракометна репрезентација на Македонија.

56-годишниот стратег работеше и како селектор на Иран и Црна Гора. Со тимот од Саудиска Арабија, Кастратовиќ ќе биде дел од неофицијалното Светско клупско првенство, Супер Глоуб што ќе се игра во Дамам.

Се вчитува...