Каталонските медиуми напаѓаат: „Реал е ВАР лидер“

Реал Мадрид успеа да слави на „Аноета“ против Реал Сосиедад со 1-2 и се искачи на првото место на табелата во Ла Лига, минувајќи го големиот ривал Барселона. „Кралевите“ се на врвот, иако и Барселона има идентичен број бодови. Но, каталонските медиуми напаѓаат дека победата на Реал Мадрид е контроверзна и остварена со помош на проблематични одлуки на ВАР – системот.

„ВАР лидери“, е насловот на каталонскиот „Спорт“, кој алудира дека на Реал Сосиедад не му е признат погодок, а Карим Бензема играл со рака при вториот гол на „кралскиот клуб“.

„Мундо Депортиво“ оди уште еден чекор понатаму и ја прогласи „Аноета“ за стадион на Реал Мадрид.

Се вчитува...