Каталонските тимови „плачат“ од Столе Димитриевски: Нова „чиста мрежа“, победа на Рајо над Еспањол (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски во извонредна форма ја почна новата сезона во Ла Лига.

Повторно „чиста мрежа“ за Димитриевски и тоа на уште едно гостување во Каталонија. По ремито без голови на „Ноу Камп“ со Барселона, Рајо Ваљекано сега гостуваше на Еспањол во 2. коло и триумфираше со 0-2 во предградието на Барселона.

Македонскиот голман уште еднаш беше на висина на задачата не дозволувајќи погодок во својата мрежа.

Рајо поведе со голот на Палазон во 40. минута, а Цис го постигна вториот погодок за конечни 0-2.

Се вчитува...