КАТАПУЛТ: А кои бевте вие Балистите…?

Катапулт

Катерина Павлова Николовска

Некои таму клупски навивачи на репрезентативен натпревар на селекцијата во државата во која живеат ќе навивале за репрезентацијата од земјата во која ниту се родени, ниту живеат, ниту леб јадат, а и клубот не им се натпреварува таму. Добро. И да си навивате. На македонската репрезентација па и не и требате. Секако има кој да навива за неа.

И да, ве молам не ги учете ниту нив ниту клубот како треба и што требало да прават. Па нив клубот со години не ги дисциплинираше за националистичките скандирања, кога конечно ги оправи, дојде Деспина, сега ќе дојде и Косово.

Ма можете слободно и за Мадагаскар да навивате.

**********************************************************************************************************************************************************

Туку ептен се испозбунивме со циашкиве методи на селeкторот на Eвропско, со попустото дешифрирање пораки од противничкиот табор, од најавите за резови и плетканиците со небулозите млади-стари, па генерација 2004, па медитерански некакви не знам што, кои Брестовац ни ги најави на среде Европско па заборавив да прашам дали МЗТ драфт верзијата на оној законот за намалување казни што го праеше ќе ја прати и во АБА. Само да не заборави и Работнички да го потпише.

**********************************************************************************************************************************************************

Среќа па што кај нас ич нема мешање на политика и спорт. Само Борко тука нешто иритира. Не го давал името. Па за бранење си ти бе дечко. Министерот за одбрана е крив. Никој друг. Не е тоа што се менуваат повеќе од пола претседатели на федерации со смена на власта, не е тоа што владини советници ни стануваат членови на собрание на МОК, високи државни службеници ни се потпретседатели на МОК и претседатели на федерации, не. Борко е проблем, баш и од ИОК него го посочија. Ама па тоа си е, на Леброн Коби му е брат, на „Чичко Стоилко“ му е Петре – Шилегов.

Се вчитува...