КАТАПУЛТ: ХЕРОИТЕ НА 2019

Екипа

ВАРДАР ЈА ПОКОРИ ЕВРОПА, ПОВТОРНО …….

Вардар е европски ракометен шампион. „Црвено-црните“ од Скопје го освоија пехарот во Лигата на шампионите. На почетокот од 2019 веројатно никој не помислуваше дека ќе ги пишуваме и изговараме овие реченици. Не затоа што не верувавме во Вардар, но знаевеме дека клубот не е во онаа финансиско-организациска кондиција како во историската 2017. Но, момците кои ги предводеше Парондо не застануваа, преку тешкиот Пик Сегед повторно се чекираа за Келн. Таму нови дуели со постојаните претенденти за трофејот и во тој момент помоќните и клубови со играчи кои имаат земено плата.

И некако бевме мирни и кога Вардар губеше седум на полувреме од Барселона оти некако немаше никој ниту да им забележи на вардарци. И тогаш тргна лавината, инаетот, пркосот, битката за поголеми нешта, влогот во себе и во браќата од соблекувалната. Ниту Барселона не знаеше што ја снајде. Веспрем потоа немаше ниту шанси во финалето. Го однесе Вардар, комплетно. А ја однесе и Македонија во нова еуфорија, можеби и поголема од претходната. Затоа што овие момци, во втората титула беа симболот за добиена битка со големите и богати.

Вардар,  името историски врзано за идентитетот на нацијата стана потврда и можност за идентификација со битката на помалите со поголемите, битката на храбрите и потврда за луѓето од оваа држава, дека се се може и во било какви услови.

 

И ФУДБАЛЕРИТЕ СЕ ГОРДОСТ……..

И фудбалот, репрезентативниот во 2019 стана тема. Позитивна. Горан Пандев по речиси две децении во националниот тим дочека да има резултати со кои е билиску до ЕП. Му помогнаа Елмас, Барди, Алиоски…..новата генерација. Што ја склопи Игор Ангеловски. Први во Лигата на Нации. Вистина со противници кои се од европската фудбалска периферија, но со супериорност која го овозможува сонувањето на сонот и јаве. Ќе се надеваме напролет да го однесат она што нацијата го чека еве веќе во целата државна независност. Европско првенство за фудбалската репрезентација.

Третото место во квалификацискиот циклус за овој тим само потврди дека не се соништа амбициите за ЕП. Македонија може и против посилни имиња, може да победува и да игра добро. Го видовме тоа изминативе 12 месеци.

 

И НИЕ ЕВРОПСКА ОДБОЈКА ИМАМЕ……..

Од оваа година, Македонија има уште една репрезентација конкурентна на највисоко европско ниво. Одбојкарите, по трнлив пат, со обиди и грешки, со падови и подеми, малку и со помош на заслужената среќа стигнаа меѓу европските големци.

На првенството на континентот отидоа да покажат дека не се случајно таму. Имаа просечни, многу лоши и спектакуларно добри натпревари. Се на се недоволно за прогрес до втората фаза што ќе беше екстра дополнување на историскиот пласман на Европското првенство.

Одбојкарите се миленици на спортска Македонија. Ненаметливи, без помпа, предводени од Никола Ѓоргиев стигнаа на посакуваната цел и го отворија патот кој сега оваа генерација ќе треба да продолжи да го разгазува преку нови успешни квалификации со што ќе постави стандарди за идните одбојкарски генерации во земјава.

 

Се вчитува...