Италијанскиот тенисер Матео Арналди го предаде полуфиналниот натпревар на Ролан Гарос без борба.
Откако Александар Зверев обезбеди место во финалето на Ролан Гарос, нему ќе му се придружи Италијанецот Флавио Коболи, откако во полуфиналето неговиот сонародник Матео Арналди го предаде мечот.
На помалку од еден час пред почетокот на мечот дојде катастрофалната вест дека Матео Арналди се откажа и му го предаде натпреварот на Коболи, па Флавио ќе оди во финалето на Ролан Гарос.
Во моментов немаме премногу информации, но Арналди не бил во можност да игра полуфиналето на Гренд слемот поради болест и затоа се откажува од борбата за големиот пехар.
Флавио Коболи ќе игра против Саша Зверев во недела во битката за нов шампион на Ролан Гарос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
