Катастрофа на Работнички… Шкендија води со Силекс, Тиквеш ја шокира Победа во Прилеп (ВИДЕО)

Шкендија води со 1-0 на полувремето против Силекс во 2. коло од ПМФЛ, во кое за одбележување е катастрофата на Работнички на домашен терен во Скопје. Тиквеш, пак, по првите 45 минути води со 0-1 на гостувањето против Победа во Прилеп.

Шкендија до предноста против кратовци дојде со голот на Елези во 17. минута од средбата…

Академија Пандев има неверојатна предност од 0-3 на арената „Тодор Проески“ во Скопје против Работнички. Пандевци“ ги дрмаат „романтичарите“ чија одбрана е тотално раштимана.

Од 24. минута веќе е 0-2 и тоа по уште еден помалку смешен гол, овој пат автогол на Јанакиевски кој ја смести топката во сопствената мрежа.

И во 43.минута Крстевски постигна погодок за 0-3 на полувремето…

При 0-2 за гостите не беше досуден очигледен пенал за Работнички, по играта со рака на гостински фудбалер во шеснаесетникот.

Брегалница, пак, е многу подобар противник на теренот во Штип против Струга ТЛ каде нема голови по првите 45 минути. Голманот на стружани Ќошевски е херојот за гостите спасувајќи ја сопствената мрежа по најмалку три 100% шанси за Брегалница.

Во 17. минута Додев имаше извонредна можност но неуспешно покрај левиот дирек, потоа во 22. минута Николов од идеална позиција не успеа да погоди, а во 31. минута Кошевски извонредно го одбрани шутот на Ѓокиќ од 12 метри.

Тиквеш со голот на Мишов во 45. минута дојде до предност од 0-1 на гостувањето против Победа во Прилеп.

ПРВА ЛИГА – 2. КОЛО (прво полувреме)

Штип: БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА ТЛ 0-0

Прилеп: ПОБЕДА – ТИКВЕШ 0-1

Мишов 45′ (Т)

Струга: ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 1-0

Елези 17′ (Ш)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – АК. ПАНДЕВ 0-3

Томовски 10′, Јанакиевски 24′, Крстевски 43′ (АП)

Слободен е Скопје

ВЧЕРА
Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-1 (0-0)
Трапановски 67′, Цефас 70′ (Ш) – Скендери 87′ (МЃП)

Се вчитува...