Катастрофа на Вардар против Кил, само четири гола за едно полувреме

Вардар го игра најлошото полувреме во последниве неколку сезони и губи со високи 4-16 на полувремето од дуелот од четвртото коло од ракометната Лига на шампионите против германскиот Кил во „Јане Сандански“. Европскиот првак едвај постигна четири гола, од нив два од пенал, Чупиќ погоди од линијата во 11 минута што беше првиот гол за црвено-црните на натпреварот.

Гол од пенал постигна и Дибиров, а првиот гол од игра дури во 20 минута беше дело на Данаис Криштопанс. Потоа пред крајот на полувремето погоди и Шишкарев и тоа е се што направи Вардар во воведните 30 минути од средбата со Кил.

Во второто полувреме, на Вардар е му треба чудо за да го избегне првиот пораз во Лигата на шампионите сезонава.

 

 

 

Се вчитува...