Манчестер Јунајтед нема да може да смета на услугите на Лисандро Мартинез до крајот на сезоната бидејќи го очекува долга пауза по новата настаната повреда.
Аргентинецот се повреди на вчерашниот натпревар против Кристал Палас, а по деталните прегледи беше потврдено најлошото можно сценарио. Стоперот заработи кинење на предните вкрстени лигаменти и го очекува пауза од шест до осум месеци.
Повредата на Мартинез доаѓа во најлош можен момент за Манчестер Јунајтед кој игра сезона за заборав. Со поразот од Кристал Палас „црвените ѓаволи“ паднаа на 13. позиција на табелата во Премиерлигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА