Ќатип Османи: Имаме сили да победиме во Луксембург

Македонскиот првак Шкендија утре (17.55 ч.) на стадионот „Жози Бартон“ во Луксембург го игра реванш мечот од второто квалификациско коло во Лигата на Европа. По првиот дуел во Скопје, Дуделанж има предност од 1-2. Но, тренерот на Шкендија, Ќатип Османи, смета дека неговиот тим има сили да победи бо Луксембург и да се пласира во следната рунда.

„Го анализиравме првиот меч и ги најдовме пропустите. Ќе мораме да одиграме на многу повисоко ниво на реваншот и верувам дека имаме сили за тоа. Не смееме да си дозволиме грешки како на првиот меч“, изјави Ќатип Османи.

Стрелецот на голот на првиот натпревар, Агим Ибраими, верува дека Шкендија може да возврати со триумф на гости и да се пласира во следното коло од Лигата на Европа.

„Нашата работа е да покажеме колку знаеме на теренот. Имаме квалитетен тим кој умее да се извлече и од вакви ситуации. Свесни сме дека ова е последната шанса и ќе се обидеме да ја искористиме“, изјави Агим Ибраими.

Се вчитува...