Ќатип Османи: Резултатот од Талин ништо не гарантира, мора на победа и во Скопје

Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ќатип Османи пред утрешниот реванш натпревар од првото квалификациско коло за Лигата на шампионите вели дека победата од Талин ништо не значи и мора „црвено-црните“ повторно да играат на триумф и во Скопје.

Шкендија славеше со 0-1 на гостински терен со погодокот од пенал на Агим Ибраими во 81. минута…

„Не очекува реванш мечот со Номе Калју. Имаме предност, ги анализиравме добрите и лошите страни на противникот, свесни сме и за квалитетот наш и се надеваме на пласман во следната рунда. Но, мора да нагласиме дека резултатот од Талин ништо не гарантира. Влегуваме максимално сериозно и на утрешниот реванш за да ја оствариме целта“ – истакна Османи на денешната прес-конференција.

Османи на располагање за утрешниот дуел ќе го има и најновото засилување, Бразилецот Хуан Фелипе.

„Да, Фелипе е во комбинација за настап. Не е добро физички подготвен, но ќе биде со екипата. Зависи од резултатот дали ќе дебитира“ – вели Османи.

Натпреварот меѓу Шкендија и Номе Калју се игра утре со почеток од 17 часот на националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје.

Се вчитува...