Ќатип Османи: Заслуживме и поубедлив триумф против Вардар

Шкендија го совлада Вардар со 2-0 во дербито што го означи и стартот на новата сезона во Првата лига. На Градскиот стадион во Тетово, фудбалерите на Шкендија доминираа на теренот, создадоа многу повеќе шанси и постигнаа два гола преку Алими и Жуниор. Тренерот на Шкендија, Ќатип Османи, смета дека неговиот тим според прикажаната игра требал да победи и поубедливо.

„Среќен сум поради триумфот, а честитките одат за фудбалерите. Требаше оваа победа да биде и поубедлива, според шансите што ги имавме на овој натпревар. Го надигравме Вардар, и јас сум задоволен што фудбалерите го исполнија планот што го договоривме пред почетокот на мечот. Тие се заканија само еднаш, преку Блажевски. Најважно е дека освоивме три бода на стартот, и тоа против големиот ривал“, изјави Ќатип Османи по триумфот во дербито против Вардар.

Се вчитува...