„Каубоите“ Борко и Кире подготвени да „распукаат“ во ЛШ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Европскиот ракометен гигант, Барселона од недела, преку дуелите со германскиот Кил, го очекува „жешко чекорење“ на патот кон Фајнлфор завршницата во Лигата на шампионите.

Па, од Барселона се одлучија на специфичен начин да ги најават четвртфиналните пресметки со Германците, преку фото-сесија на своите ракометари… Во каубојска комбинација секако и македонските репрезентативци Кирил Лазаров и Борко Ристевски кои се подготвени до „последна капка крв“ да се борат за ново место меѓу најдобрите четири европски ракометни екипи…

[new_royalslider id=”602″]

Се вчитува...