Кавадарчани не ги чинеа ниту четирите промашени пенали – Тиквеш го доби дербито со Еурофарм Пелистер 2 (ВИДЕО)

Ракометарите на Тиквеш славеа со 24-22 во дербито на 18. коло во ракометната Суперлига на Македонија против Еурофарм Пелистер 2. Домаќините не ги чинеа ниту четирите промашени пенали и со одлична игра во финишот на мечот успеаја да стигнат до полн плен.

Гостите одиграа одлично во првото полувреме посебно во фазата на одбрана и тоа им донесе предност од три гола на пауза (10-13). Како одминуваше натпреварот така домаќините играа се подобро. Целосно резултатски се вратија во натпреварот, а во 57. минута стигнаа до водство од 22-21. Следуваше ново промашување на гостите по кое Темелковски ги доведе кавадарчани до плус два (23-21) на две минути до крајот. Следеше по еден гол на двете страни за конечен триумф на домаќините од 24-22.

Со овој триумф Тиквеш останува на петатата позиција на табелата со 31 бод, додека Еурофарм Пелистер 2 е место погоре со 35 бода.

 

 

Се вчитува...