Канаваро: Меси е топ, но Марадона беше од друга планета

Го освои мундијалот со Италија, а потоа почна да гради и успешна тренерска кариера. Фабио Канаваро се надева дека еден ден ќе биде селектор на „аѕурите“, а направи споредба меѓу двајцата фудбалски волшебници од Аргентина, Диего Марадона и Лионел Меси.

„Знам на што алудирате. Меси е топ, фудбалер од врвна класа, но Марадона беше од друга планета. Никогаш не би се ни обидел да споредам друг фудбалер со него. Не сум го гледал Пеле во живо, но Марадона го гледав седум години и тоа секој негов натпревар. Тој не е еден од најдобрите, туку тој е најдобар на сите времиња“, истакна Фабио Канаваро.

Канаваро ја почна кариерата во тимот на Наполи, но влезе во првиот тим токму откако Диего Марадона замина во Неапол. Сепак, како младо момче имаше можност да ги следи неговите игри на „Сан Паоло“.

 

Се вчитува...