Кавани го напушта Пари Сен Жермен, следна дестинација Премиер-лигата?

Ѕвездата на Пари Сен Жермен Единсон Кавани следното лето како слободен играч ќе премине во редовите на Манчестер Јунајтед, пренесуваат англиските медиуми. „Црвените-ѓаволи“ се наоѓаат во лоша форма и очајно им е потребен фудбалер кој ќе направи разлика на теренот.

Францускиот шампион во редовите го доведе Мауро Икарди и не планира да му го продолжи договорот на искусниот Уругваец, а останува да се договорат уште личните услови за негова преселба на „Олд трафорд“. Покрај, англискиот гигант за услугите на Кавани е заинтересиран и Атлетико Мадрид.

Се вчитува...