Кавани го откачи Интер: Не мрдам од ПСЖ

Интер нема среќа со потрагата по нов голгетер, Лукаку најверојатно ќе заврши во Јувентус, Дибала веќе ги одби „нероаѕурите“, а сега истото го стори и Единсон Кавани. Директорот Марота се надеваше дека ќе го ангажира Уругваецот за сума од околу 30 милиони евра бидејќи е влезен во последната година од договорот со ПСЖ, но Кавани јасно стави до знаење дека нема намера да се врати во Калчо-лигата.

„Реков и кога заврши сезоната и останувам на истиот став – јас нема да си заминам од ПСЖ до истекот на мојот договор. Сите мои планови за новата сезона се поврзани со овој клуб и колку што сум информиран и челниците на ПСЖ сакаат да ме задржат. Не знам дали ќе потпишам нов договор во иднина, но јасно е дека во новата сезона нема да мрдам од овој клуб“ – децидно порача Кавани.

Интер дефинитивно ќе мора што поскоро да го ангажира Един Џеко, но јасно е дека Антонио Конте ќе инсистира на доведување на уште еден врвен напаѓач до крајот на преодниот рок.

Се вчитува...