Кавани го пропушта и гостувањето кај Бордо

Уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани се опорави од повредата на колкот, но ќе изостане неговиот настап и на денешниот меч против Бордо. Напаѓачот на ПСЖ се повреди на дуелот против Тулуз на 25 август и пропушти голем дел од стартот на сезоната на „светците“.

Тренерот Томас Тухел се соочува со многу повреди на фудбалерите, а дополнителен притисок за „светците“ е и поразот на домашен терен од Реимс во средата. Овојпат ќе го има на располагање Килијан Мбапе, кој треба да игра во навалната линија заедно со Нејмар.

Се вчитува...