Кавани и Мегваер не отпатуваа со Манчестер Јунајтед во Франција

Хари Мегваер и Едисон Кавани не беа меѓу патниците во авионот на Манчестер Јунајтед кој замина во Франција на гостувањето кај Пари Сен Жермен на дуел од првото коло во групанта фаза во Лигата на Шампионите.

Уругваецот кој вчера по двонеделната излоација се приклучи на тренинзите на Јунајтед се очекуваше да дебитира токму против поранешниот клуб. Но, и тој и Мегваер останаа во Манчестер. Англиските медиуми шпекулираат дека Квани евентуално би можел сам да отпатува за Фрнација, но таа опција е речси неверојатна.

Мегваер пак беше дел од победата на Јунајтед над Њукасл во саботата, но и и за него менаџерот Оле Гунар Солскјер реши дека не треба да оди со тимот. За капитенот имаше јавна дебата околу тоа дали треба да добие малку пауза со оглед на лошиот старт на сезоната кој се провлекува од проблемите што ги имаше одморот во Грција.

 

 

Се вчитува...