Кавани и Муние го оставаат ПСЖ на цедило за ЛШ

ПСЖ ќе биде значително ослабен за завршницата од Лигата на Шампионите откако Единсон Кавани и Томас Муние објавија дека ќе го напуштат тимот на крајот од месецов.

Поради коронавирусот завршницата на ЛШ беше презакажана за месец август, а проблем за францускиот првак е што неколку стандардни првотимци стануваат слободни играчи бидејќи договорите им истекуваат на 30 јуни. Кај останатите клубови проблемот се решава со потпис на двомесечни договори, но фудбалерите на ПСЖ се бесни поради инсистирањето на значително намалување на платата, поради што не сакаат да ризикуваат да играат и да заработат некоја посериозна повреда.

Кавани и Муние ја одбиле и последната понуда на „светците“, по што од 1 јули и дефинитивно ќе си заминат од Париз. Уругвајскиот голгетер се наоѓа пред потпис со Атлетико Мадрид, додека белгискиот десен бек веќе ги договори условите за преселба во Борусија Дортмунд.

Се вчитува...