Кавани ќе му прави друштво на Рибери во Салернитана

Уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани ја заврши својата авантура во Манчестер јунајтед. Уругваецот по доаѓањето на „Олд трафорд“ не се прослави, а поголемиот дел од времето се мачеше со повреди.

Кавани би можел кариерата да ја продолжи во италијанската Серија А каде би потпишал за екипата на Салернитана. Овој клуб годинава во финишот успеа да обезбеди опстанок во елитното натпреварување во Италија од кое ќе биде дел и следната сезона.

Од раководството на клубот веќе размислуваат за засилувања како би успеале и следната година да останат дел од елитата. Тоа значи дека Кавани доколку потпише со овој тим ќе игра заедно со Франк Рибери кој и минатата сезона беше дел од клубот.

 

 

Се вчитува...