Кавани ќе остане во Париз до крајот на сезоната, потоа се сели во Атлетико Мадрид

Уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани ќе остане до крајот на сезоната во Пари Сен Жермен. Тој одлучил да го одработи договорот со „светците“ до самиот крај, а потоа ќе се пресели во редовите на Атлетико Мадрид. Раководството на шпанскиот клуб се обиде да го убеди Кавани да дојде на „Ванда Метрополитано“ оваа зима, но тоа нема да се случи, информираат француските медиуми.

Атлетико Мадрид ќе биде следната дестинација на популарниот „Матадор“, но тој го известил тренерот Томас Тухел дека сака да остане до крајот на сезоната во тимот на ПСЖ. Уругваецот пристигна во Париз во 2013 година од италијанскиот калчолигаш и за тимот од „Паркот на принцовите одигра 194 натпревари, постигнувајќи 136 гола.

Се вчитува...