Кавани ќе почека на деби за Манчестер Јунајтед

Единсон Кавани веројатно ќе треба да почека на дебито за Манчестер Јунајтед со оглед дека обврзната самоизолација од 14 дена му истекува точно еден ден по предвидениот натпревар против Њукасл кој е прв по репрезентативната пауза. Со оглед дека доаѓа од Франција, регулативата во Велика Британија налага тој да биде две седмици во изoлација.

Манчестер Јунајтед и Кавани преговараат со властите за Уругваецот да биде направен исклучок како што и се прави во случаите на елитните спортисти. Сепак ова е малку веројатно со оглед дека Кавани кому му завршија договорот и обврските со Пари Сен Жермен живееше како и обичните луѓе, а не заштитен во свoевиден меур.

Кавани во Англија пристигна на последниот ден од преодниот рок, експресно потпиша двегодишен догвоо и ќе добива плата од 210.000 фунти неделно.

Се вчитува...